1. Одберете ја вистинската сорта. Се препорачува да одгледувате мини-тиквички што можат да се берат веднаш и да се користат за исхрана. Доколку сте гурман, ќе го цените и цветот на тиквичките во кулинарството.
2. Одберете го вистинскиот сад. Тиквичките може да се садат во саксии, бидејќи имаат релативно плиток корен. Па затоа, ќе ви послужи и саксија со длабочина од 30 сантиметри. Меѓутоа, на тиквичките им треба хранливо земјиште, па ако можете да им обезбедите поголема саксија со слоевита земја, сторете го тоа. Користете керамички или дрвени саксии, кои редовно ќе ги полевате, бидејќи на тиквичките им треба вода.
3. Земја-компост. Тиквичките мора да имаат земја што задржува влага. Најдобро би било да направите земја за тиквичките што ќе содржи околу: 1/3 иловица, 1/3 домашен компост и 1/3 лисје. Таквата земја ќе има доволно минерали, но и ќе задржува влага, која е неопходна за успешен раст на тиквичките.
4. Тиквичките обожаваат сонце. Па затоа, ставете ја саксијата на некое исклучително сончево место. Ако е возможно, обезбедете им најмалку 6 часа сонце дневно. Тоа не би требало да биде проблем, со оглед на тоа што саксиите може да се преместуваат на балконот.
5. Задолжително направете им конструкција по која ќе можат да се „качуваат“. Тоа може да биде и ограда на терасата.
6. Редовно полевајте ги. Како што веќе спомнавме, тиквичките обожаваат, вода но не сакаат да живеат во бара. Внимавајте да не претерате при полевањето.