Агро бизнисВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Заштита на пченица и јачмен од плевели, болести и штетници

Пишува-Васко Манев

За добивање на високи и квалитетни приноси од пченица и јачмен, покрај примената на соодветна агротехника и исхрана на растенијата, неопходна е и примена на соодветна заштита од плевели, болести и штетни инсекти.

За заштита од плевелите препорачуваме примена на еден од хербицидите или комбинација помеѓу нив: LANCELOT SUPER (aminopyralid 300 g/kg + florasulam 150 g/kg), PALLAS 75 WG (pyroxulam 75 g/kg) или GENIUS WG (aminopiralyd 50 g/kg + florasulam 25 g/kg + proxsulam 50 g/kg).

LANCELOT SUPER (aminopyralid 300 g/kg + florasulam 150 g/kg) е селективен, системичен комбиниран хербицид кој е наменет за сузбивање на голем број едногодишни и повеќегодишни широколисни плевели во пченица, јачмен, р’ж, овес и тритикале во доза од 33 g/ha. Се апсорбира главно преку листовите, но поседува и дополнително почвено дејство. Ефикасно ги сузбива следните плевели: паламида (Cirsium arvense), полски вртипоп (Anthemis arvensis), обична овчарска торбичка (Capsella bursa-pastoris), обична чадливка (Fumaria officinalis), лепавец (Galium aparine), камилица (Matricaria chamomilla), птичја подворка (Polygonum aviculare), нивска повивка (Polygonum convolvulus), булка (Papaver rhoeas), дива репица (Raphanus raphanistrum), полски синап (Sinapis arvensis), обична ѕвезденка (Stellaria media) и други. Се  применува од почеток на братење до појава на второ коленце. За истовремено сузбивање на теснолисни и широколисни плевели наша прерорака е хербицидот LANCELOT SUPER да се комбинира со PALLAS 75 WG.

PALLAS 75 WG (pyroxsulam 75 g/kg) селективен системичен хербицид, наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни плевели и некои широколисни плевели во посеви од пченица р’ж и тритикале. Се усвојува преку листовите, но обезбедува и краткотрајно почвено делување. Ефикасно ги сузбива: див овес (Avena fatua), лисичина опашка (Alopecurus myosuroides), пијанец (Lolium spp. ), полска класатка (Bromus spp.), обична ветрушка (Apera spica-venti), а од широколисните плевели ефикасно ги сузбива штир, црна слачица, мртва коприва, див здравец, споменче, обична ѕвезденка, велигденче, тробојна темјанушка во доза од 250 g/ha со додавање на 0,5 литири адитив DASSOIL,  со време на примена од два листа до појава на второ коленце.

GENIUS WG (aminopiralyd 50 g/kg + florasulam 25 g/kg + piroxsulam 50 g/kg) е хербицид за сузбивање на класести и широколисни плевели во посеви од пченица р’ж и тритикале. Всушност тоа е готова комбинација помеѓу LANCELOT SUPER и PALLAS 75 WG. Се применува во доза од 200 g/ha, со додавање на 0,5 литри DASSOIL адитив.

PRIAXOR EC (fluxapyroxad 75 g/L + pyraclostrobin 150 g/L)  е системичен фунгицид, со превентивно и куративно делување, наменет за сузбивање на болести листовите и зрната кај пченица, јачмен, спелта, тритикале, р’ж и овес во доза од 0,8-1 L/ha. Ефикасен е за сузбивање на сива дамкавост (септориоза), пепелница, р’ѓи, мрежаста дамкавост кај јачменот, фузариозно гниење на класот.

CYTRIN MAX (cypermethrin 500 g/L) е инсектицид од групата на пиретроиди, со контактно и дигестивно дејство кој во пченица и јачмен се користи за сузбување на житна пијавица, житни лисни вошки, трипс и житни стеници. Се применува во доза од 0,1 L/ha.

Подготвил: Васко Манев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close