fbpx
Вести

Тилевски вети мерки за поголема заштита на Охридското Езеро

Рехабилитација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, изградба на марина на езерото, уредување на плажите, ревитализација на Студенчишкото блато, мали инфраструктурни проекти за заштита на езерото, се меѓу другите мерки што денеска ги најави Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на Коалицијата „За подобра Македонија“.

– Со цел заштита на водите во Охридското Езеро, изготвена е студија на изводливост од врвни експерти и утврдени се приоритетни активности. Согласно утврдената динамика на приоритетност, ќе се преземат активности за изградба на резервоар за првично собирање на отпадните води на брегот на езерото и ќе се создадат услови за почеток на санација на првичните 31 километри од канализационата мрежа на примарниот колекторски систем воведувајќи нова технологија, без ископ, изјави Тилевски притоа најавувајќи и надградба на пречистителната станица за третман на отпадни води во Враништа и проширување на колекторскиот систем.

Меѓу другото тој вети и изградба на марина за 300 помали пловни објекти и десет бродови, плажи за пристап на инвалидизирани лица, канализациска мрежа во село Трпејца, воведување агроеколошки мерки во земјоделството, мали пречистителни станици за помалите урбани заедници, уредување на просторот кај вулканот Косел.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close