fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски-20 милиони евра се исплатени на над 20.000 земјоделци, опфатени сите категории на земјоделци

Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата

20 милиони евра се исплатени на над 20.000 земјоделци, опфатени сите категории на земјоделци❗️
Сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година ќе се исплатат, тековните од 2024-та ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците❗️
Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, зголемување на сумата на субвенциите на стратешки производи❗️
Во делот на Програмата за рурален развој, ќе биде наменета кон помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата❗️
Преку Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални❗️
Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците❗️
На 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи❗️
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close