fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Tивко се подготвува продажба на државно земјоделско земјиште

Министерството за земјоделство работи на нов Закон за продажба на државно земјоделско земјиште , пишува МКД.мк

Министерството за земјоделство работи на нов Закон за продажба на државно земјоделско земјиште со што ќе се овозможи сопственици да станат и странски компании. Најавата ја даде премиерот Зоран Заев, а тоа мина релативно тивко и без бројни коментари од опозијата и стручната јавност. Дали продажба на земјиште, за кое тапијата ја има државата, не е во согласност со државните интереси, дали може да биде вовед во нарушување на суверенитетот на земјата? Од Министерството за МКД.мк велат дека за странски правни лица ќе бидат воведени строги ограничувања.

Во Министерството за земјоделство се пишува нов закон кој ќе им овозможи и на странски компании да влезат со свој капитал и да станат сопственици на земјиште со кое располага државата, потврдија за МКД.мк од Министерството, не откривајќи повеќе детали за условите кои би требало да се исполнат,а да не бидат загрозени државните интереси. Во голем број од земјите членки на Европската Унија пак, или не е дозволена продажба на земјоделско земјиште за кое тапија има државата, или е толку тешко да се исполнат законските услови што е речиси невозможно странска компанија да добие сопственост.

Премиерот Зоран Заев во ноември минатата година за првпат го најави планот според кој, преку продажба на државно земјоделско земјиште во буџетот би се инкасирале до 300 милиони евра, проценувајќи дека вкупната вредност на земјиштето кое го поседува државата, а има потенцијал за одгледување на земјоделски култури или за пасишта, достигнува до 2,5 милијарди евра. Според тоа што го кажа, би се одело на продажба на 15-тина проценти од вкупниот фонд, но рече дека во план е законот што ќе се донесе да се однесува на земјиште поголемо од 10 хектари и дека ќе се забрани тоа да се пренамени во градежно.

Во многу држави е забранета продажбата на државно земјоделско земјиште бидејќи се смета како природен ресурс со потенцијал за поголемо производство на храна, но конечно, се смета дека приватниот сопственик може да посака да прави и нешто друго со земјиштето, да го пренамени во градежно, или пак да користи евентуални природни богатства кои се наоѓаат под површината – руда, нафта или друго. Ако се размислува и пошироко и се вклучи и фантазијата, би можело да се дојде и до планови за купување на парцели кои би добиле стратегиско значење со поставување уреди за разузнавање и слично. Конечно, поседувањето на земјиште се смета како важно стратегиско прашање.https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/tivko-se-podgotvuva-prodazhba-na-drzhavno-zemjodelsko-zemjishte

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close