fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Тони Петковски-Паша: Ќе се бара покачување на цената на суровото млеко, министерот Трипуновски вети средба со млекарниците

Просечната цена да биде 30 денари плус 6 денари премија од државата, значи по 36 денари во просек за литар сурово млеко, па да можеме некако да опстојуваме со фармите.

На 28 јануари сточари од Пелагонија остварија средба со министерот Цветан Трипуновски. Срдбата беше во името на сите сточари со цел корекција на цената на суровото млеко и исплата на субвенциите на сточарите. Субвенциите за сточарите ќе почнат да се исплаќаат по донесувањето на програмните на МЗШВ за 2026 година. Прво ќе се исплатат заостаните субвенции, а потоа во март и субвенциите по грло за 2025 година (конкретно за кравите по 8000 денари од грло), изјави за Зелан берза“, сточарот Тони Петковски-Паша, претседател на „Пелагонско поле“.

Што се однесува до проблемот на сточарите со намалувањето на цената на суровото млеко од страна на млекарниците, министерот Цветан Трипуновски им ветил на сточарите дека ќе оствари средба со млекарниците и ќе бара корекција на цената на суровото млеко во интерес на сточарите. Млекарниците во изминатиот период ги информираа сточарите и тоа го остварија дека цената на суровото млеко ќе ја намалат за еден до два денари по литар, така што и со претходното намалување од есента, цената на суровото млеко реално падна на 25 денари по литар кај ситните фармери, иако таа цена лани беше од 27-28 денари по литар, додека кај покрупните фармери цената на суровото млеко падна на 30-31 денари од претходните 33-34 денари по литар.

„Во имато на сите сточари седнавме на маса со министерот со цел да го образложиме нашиот проблем, а тоа е во континуитет падот на цената на суровото млеко. Министерот даде ветување дека ќе договори средба со млекарниците и ќе побара корекција на цените на суровото млеко, така што просечната цена да биде 30 денари плус 6 денари премија од државата, значи по 36 денари во просек за литар сурово млеко, па да можеме некако да опстојуваме со фармите. Дали на средбата со млекарниците ќе бидат поканети и сточари не знаеме, но битно е да се вратат или да се покачат цените на откупеното млеко што ги намалија млекарниците“, изјави Петковски за „Зелена берза“.

Конкртено за доисплатата на премијата за млекото за 2025 година, Петковски вели дека лани во јуни дел од одгледувачите на крави зеле премија за јануари и февруари 2025 , а дел за трите месеци вклучително за март. Сега министерот ветил дека, оние сточари што добиле премија за два месеци сега ќе добија за плус 4 месеци, а оние што добиле за три, за наредните три месеци, или конкретно сите сточари ќе бидат исплатени за примијата заклучно со месец јуни 2025 година.

„Во дискусијата на средбата реагирав дека исплатата на премијата до јуни месец не е во ред, дека претходно министерот кога доаѓаше во битолско ветуваше исплата на премијата до септември, но министерот кажа дека во втората половина на февруари ќе следат исплати и на други заостанати субвенции и дека премијата ќе биде само до јуни месец исплатена, со цел да се исплатат што повеќе гранки“, вели Петковски за „Зелена берза“.

Инаку субвенции се најавуваат и за дел од одгледувачите на овци кои останаа недоисплатени пред Нова година, ќе се исплатата и козарите за 2024 година, и други субвенции што ги засегаат сточарите во изминатиот период.

Средбата на фармерите со министерот Трипуновски следеше откако сточарите јавно реагираа преку медиумите дека заради долго време неисплатени субвенции во сточарството, тешката економската состојба на фармерите се распродаваат крави и се затвораат фарми.

Трипуновски изјави дека разговорот со сточарите поминал „во конструктивна и позитивна атмосфера се разговараше за предизвиците со кои се соочува сточарството, особено во делот на млекопроизводството“, објави Трипуновски.

 

 

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close