Продолжува реализацијата на проектот „Топлификација на општините од Пелагонискиот Регион“-Финансиски и еколошки бенефити за граѓаните
Со воведувањето на топлинската енергија за греење во општините Битола, Могила и Новаци, значително ќе се намали потрошувачката на електрична енергија за греење и ќе се редуцира емисијата на штетни гасови.
Проектот „Топлификација на општините од Пелагонискиот Регион“ продолжува со забрзана динамика. Целокупната проектна документација е готова, откако АД ЕСМ направи и други додатни испитувања за оправданоста на инвестицијата. За таа цел беше направена дополнителна компарација меѓу двата енергенси, топлинската енергија и гасот, со неколку можни решенија, по што беше утврдено дека цената на топлинската енергија е најповолна.
Обезбедено е одобрение за градба на магистралниот топловод од РЕК „Битола“ до градот Битола со сите придружни објекти, а откако ќе заврши тендерската постапка за избор на најповолен изведувач на топловодна мрежа (магистрален вреловод, дистрибутивна мрежа и приклучоци), ќе отпочнат градежните активности на терен. Во рамките на реализацијата на овој капитален проект, веќе е изведена реконструкција на турбините на два термо блока во РЕК „Битола“ со што е овозможено регулирано одземање на пареата.
Вкупниот износ на инвестицијата за првата фаза изнесува 46 милиони евра, од коишто 39 милиони евра се обезбедени од германската КФВ банка, додека останатите средства ќе ги обезбеди АД ЕСМ од тековното работење. Основните проекти за транспортниот вреловод, за примарната и за секундарната мрежа, потоа за локалните примо предавателни станици за населените места, но и за потребите на оранжериите, како и проектот за вреловодната станица во РЕК „Битола“, се веќе готови.
Ова е капитален проект за жителите на Пелагонискиот Регион. Со воведувањето на топлинската енергија за греење во општините Битола, Могила и Новаци, се очекува значително да се намали потрошувачката на електрична енергија за греење и да се зголеми сигурноста и постојаноста на дистрибутивната мрежа во Битола и околината. Исто така, значително ќе се намали употребата на нафта и огревно дрво во домаќинствата што дополнително ќе ја редуцира емисијата на штетни гасови што се резултат од процесот на согорувањето, а со тоа во голема мера ќе се зголеми заштитата на животната средина и екол