fbpx
Вести

Традиционалниот „Ден на Органско Производство“ со мото: „Јас бирам здравје, а ти?“

organska-banskoliev4

Секој оној кој води грижа за сопственото здравје, за здравјето на своите најблиски и секако здравјето на животната средина, секогаш одбира органски производ за својата трпеза. Обезбедувањето на свежо и квалитетно овошје и зеленчук во зимскиот период секогаш претставува сериозен предизвик за потрошувачите. Ова особено се однесува на свежите производи од домашно потекло и секако органските производи.

132502741

Обезбедувањето на директен контакт помеѓу производителите и потрошувачите е важен фактор за меѓусебно запознавање, воспоставување на соработка и стекнување доверба во производите и севкупниот систем на органско производство. Република Македонија ги следи современите светски текови и органското производство во последните неколку години станува перспективен сегмент во земјоделството. За македонските органски производи да станат полесно достапни за граѓаните, но и за да се разбере вредноста на истите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, традиционално, во соработка со Федерацијата на производители на органски производи во Македонија  го организира 9-тиот „Ден на Органско Производство“.

органски

Манифестацијата ќе се одржи во сабота, 5-ти декември во Скопје Сити Мол од 10 до 17 часот. Главниот слоган на настанот:„Јас бирам здравје, а ти?“ има за цел да ги поттикне граѓаните да размислат какви производи консумираат и колку изборот на храна влијае на нивното здравје.

GMO-sm

Целта на слоганот, но и на „Денот на Органско Производство“е да се создаде корелација помеѓу двата поима “здравје” и “органско” и користењето на органската храна ќе се разбере како потреба за здрав живот и долгорочна виталност. Освен можноста граѓаните директно да се запознаат со органските производители од Македонија кои ќе имаат свои штандови во сабота граѓаните ќе можат да уживаат во сите други активности кои вклучуваат: детски корнер, претстава, работилници и разни игри, како и дегустација на органски производи произведени на македонска почва, како и запознавање на сите тајни на органските производи и нивниот ефект врз нашето здравје.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close