fbpx
ВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Тракторите на John Deere најпосакувани кај земјоделците

В село да не работиш е губење време, вели Николче Ристески од с. Тополчани кому земјоделието му е дополнителна дејност

Современата механизација е клучен фактор за развој на земјоделството. Кога станува збор за земјоделски машини земјоделците се повеќе се информираат и носат одлуки кои значително ќе им го олеснат земјоделското производство. Николче Ристески од с. Тополчани прилепско својот избор го стави на трактор од брендот  John Deere. Вели дека отсекогаш сакал да има механизација од овој светски бренд и дека со помош Синпекс Битола и  Прокредит банка го одбрал најдоброто за него.

-Во денешно  време има многу можности за да се информираме. Воопшто не размислував за која марка ќе се одлучам. Отсекогаш сакав трактор John Deere, светски позната и призната марка. Од тимот на Синпекс ми помогнаа околу самиот тип на трактор 5045 Д  кој одговара на земјиштето и моите потреби. Целокупната процедура околу подготовката на документите не беше воопшто тешка, така што за многу краток период сè се заврши и јас ќе можам оваа сезона да ја завршам со нов трактор, вели за Зелена берза Николче Ристески.

Земјоделието на Николче му е дополнителна дејност. Со новиот трактор ќе може полесно и побрзо да ги заврши потребните операции околу производството на тутун и житарици, а да има време да продолжи со своите професионални работни обврски во фабриката Кромберг и Шуберт во Битола.

Обработува 3 хектари земјоделска површина. Житариците и тутунот се најзастапени, но вели дека  акцентот е ставен на тутунот заради тоа што во моментот е најисплатлив.

-Работа како работа сè си има своја тежина, кога се сака сè  се може. Ако работиш ќе имаш, ако не никој нема да ти донесе. Ко ќе си дојдам од работа што ќе правам? Овде во Тополчани сите работат. Град е едно, а во село е подруго. В село да не работиш е губење време. Земјата ја имаме и не можам да ја оставам така да стои. Заедно со мојата сопруга работиме сè. Со добра организација  стигнувам и дома и во фабриката во Битола. Со новиот трактор ќе ми биде многу полесно, додава Николче.

Минатата сезона добро ја поминале. За сега нивите се посеани и посадени и вели дека ако биде сè во ред може да се очекува добар принос.

П.Ј.

Слични написи

Back to top button
Close