fbpx
ВестиМакедонијаРурална ЖенаТоп вести

Корона кризата  ги усложнува и така големите проблеми на фармерите

Да се биде фармер во денешно време воопшто не е лесно. Ако нешто не се промени малите фармери ќе бидат уништени. Корона кризата само ги продлабочи  и така големите проблеми на фармерите, вели СнежанаТанева сопственик на фарма со овци во с. Мрзенци гевгелиско.

Животот на една фарма мора да биде добро организиран. Со криза или без неа работните обврски мора да се завршат, особено кога се работи за стока. Сето ова што се случува во земјава влијае на сите. Иако се знае дека корона вирусот не се пренесува преку животните, сепак  Снежана Танева, на својата фарма  во с. Мрзенци, води сметка околу безбедноста на здравјето на сите што работат на фармата и се разбира и на стадото кое брои околу 150 овци. Смета дека корона кризата само ги продлабочи проблемите  на фармерите со кои се соочуваат секојденвно.

 

-Безбедноста на здравјето е рутина на која се внимаваше и пред кризата. Сега е напнато со ограниченото движење. Се организираме, се консултиравме и имаме потврда за движење. Земјоделско стопанство со паша  не може да стигне со собирање, молзење и  хранење и  најдоцна до 8 да се заврши па  да си одам  дома. Откако ќе завршам со работата на фармата брзам да стигнам дома во Гевгелија. Имаме потврда за слободно движење, но она што не мачи, не само мене туку и останатите фармери, се проблемите со кои се соочуваме во текот на нашето работење. Разочарани сме оти произведуваме храна, ама условите што ни ги дава државата се катастрофални, вели за Зелена берза Снежана. Овде во Гевгелија повеќе внимание се обрнува на казината отколку на производителите на храна. Единствено нешто позитивно од корона вирусот е што се затворија казината, низ шега објаснува Снежана.

Како жена фармер и мајка на три деца, воопшто не е лесно да се организира животот и да одговори на обврските во фармата, а и во семејството. Паролата „седи си дома“ не важи за во фарма. Често на фармата порано доаѓале и децата, но сега не може да го прават тоа бидејќи не одат на училиште, но имаат настава од дома на интернет и учат и пишуваат домашни задачи. Вели дека тоа и е дополнителен притисок.

Цените на јагнето и млекото се проблеми кои не се нови. Снежана е среќна што успеала пред Нова година да продаде 80 јагниња од половината овци што се објагниле.  Задоволна е од постигнатата цена од 150ден/кг, но за останатите сточари кои планирале  предвелигденски извоз на јагне, вели дека заглавиле. Додека пак за млекото смета дека и млекарите ги манипулираат со откупната цена.

– Млекарите манипулираат со цената, нема берза за млеко и јагне. Ние соработуваме со млекара Осогово која за периодот од ноември до март го откупува  млекото по цената од 40 ден за литар, а  после тој период цената ја намалува. Не условуваат на договор за 5 години, а ние не можеме да избираме, објаснува  Снежана.

Снежана објаснува дека на секој начин се обидува да функционира фармата која ја наследила од нејзиниот татко. Вели дека фармата била разработена, но не може да ја  развива во вакви услови.

– Сега само преживуваме,не можеме да се модернизираме, посочува Снежана и додава дека ова е разочарување  за еден млад земјоделец .

Снежана  уште малку ќе има 40 години. Се наоѓа на границата кога не е ниту за во младите ниту за во старите фармери што пак и претставува дополнителна пречка за да може да аплицира по некои од програмите за да си ја модернизира фармата.

Легализацијата на фармата е проблем кој, како што вели , се провелкува три години и не може ништо да стори.  Изградба на нов објект  за стадото значително би го намалило влијанието на климатските промени кои овците и тоа како го чувствуваат.

-Расата овци штоја имаме (мешавина одсортите  аваси со овчеполка), сака посува клима. Животните не може да ги поднесат промените. Младите ги одделивме , ама имаат пролив како последица од  самата атмосфера и влагата што се создава од кондензацијата, потребно е поквалитетна штала. Оваа е привремена со плех и таа многу конденизра влага. Сакав да ја модернизирам и да изградам нов објект со тврда градба, ама веќе три години моите обиди се без успех, објаснува Снежана.

На фармата покрај овците има и 4 грла говеда. За сега успева да организира сопствено производство на храна за животните, но ако се продолжи со оваа политика на цени, нема да може да продолжи со тоа. Сон и е да има модерна фарма, но моменталните услови за работа со фарма, како што вели, се разочарување  за еден млад земјоделец .

Павлина Јовановска

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close