fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тренчевска: Примател на социјална помош нема да може да одбие работа што ќе му ја најде државата

Според Тренчевска, во државава има 36.000 домаќинства приматели на гарантирана социјална помош. Таа најави дека доколку и покрај оваа мерка, повторно се утврди недостаток на работна сила, тогаш ќе се размислува за увоз на работна сила од други земји.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) најавува заострување на политиките за социјална помош, со цел примателите на социјална помош да се вклучат на пазарот на трудот.

Министерката Јованка Тренчевска вели дека во таа насока се и законските измени, со цел примател на социјална помош да не може да одбие работа. Целта е таа голема сума која ја одвојува државата за социјална помош да биде намалена.

Според Тренчевска, во државава има 36.000 домаќинства приматели на гарантирана социјална помош. Таа најави дека доколку и покрај оваа мерка, повторно се утврди недостаток на работна сила, тогаш ќе се размислува за увоз на работна сила од други земји.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close