Трето поскапување на горивата за неделава – дизелот поскап за 3 денари
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,024 ден/лит и сега ќе изнесува 51,252 ден/кг.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59% во однос на одлуката од 5.10.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 1,746%, кај дизелот за 6,212%, кај екстра лесното масло за 5,997% и кај мазутот зголемување е за 2,307%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,216%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,024 ден/лит и сега ќе изнесува 51,252 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.