fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трговците продаваат поскапо и од ДДВ

УЈП на терен, а дел од полиците празни

Има маркети кои не ги прилагодија фискалните каси и наместо со 0 ДДВ основните производи ги продаваа со даночна стапка од 5 отсто како што беше и до завчера. Инспектори на Управата за јавни приходи денеска и на терен утврдија дека тоа се случува и повикаа трговците веднаш да се прилагодат. За прекршителите се предвидени казни, но тие ќе бидат одредени зависно од големината на објектот, бројот на вработените, месечните приходи и претходното поведение на објектот.

„Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца ќе мора најдоцна до 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати“. стоеше во одлуката објавена во Службен весник.

Оваа стапка ќе важи до 31 мај, но не е исклучена можноста и да продолжи уште некое време доколку има потреба.

Во меѓувреме граѓаните и овој викенд се удрија на пазарење производи од кои мжат да прават залихи. Затоа во некои маркети немаше на полиците брашно, зејтин, тестенини. Трговците велат дека надополнуваат но се троши. Граѓаните сметаат дека во иднина ќе биде уште поскапо.https://faktor.mk/trgovci-prodavaa-poskapo-i-so-ddv-ujp-na-teren-a-del-od-policite-prazni

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close