Три работи откриваат дали јаболкото е затруено со хемија
Кората на јаболкото не само што е цврста, туку и сува и не треба да биде леплива. Ова е показател дека јаболкото не е третирано со восок или парафин.
За да може плодот да трае подолго во зима, често јаболката се третираат со парафин, кој се добива со преработка на масло. Проблемот со оваа состојка е што е тешко да се преработи, дури ни црниот дроб не е во состојба да ја раствори оваа леплива маса.
Парафинот најчесто се користи за јаболка, па затоа е многу важно да научите како да ги изберете најдобрите примероци и да ги минимизирате штетните ефекти на оваа состојка.
Обрнете внимание на бојата
Претерано светлата боја на јаболкото е предупредувачки знак, исто како и кога е „совршено“ изедначена. Сето ова укажува дека плодот претрпел силен хемиски третман. Затоа, најдобро е да изберете овошја кои не се премногу светли, кои всушност се помалку привлечни за око, но изгледаат поприродно.
Проверете дали јаболкото е оштетено
Јаболкото веќе е расипано доколку на неговата површина се приметува скапано, темнокафени флеки кои се прилично меки на допир. Меѓутоа, помалку дамки или избледена кора воопшто не значи дека јаболкото е „лошо“, туку тоа е природна карактеристика на еден зрел плод.
Нежно избришете го местото каде се наоѓа сомнителната дамка и уверете се дали навистина станува збор за нешто гнило, а не нешто валкано. Трагите од удари може да бидат помали и плитки, па нема да биде проблем да ги отстраните со нож. Но, доколку на јаболкото постои голема вдлабнатина или поголема мека површина, тогаш најверојатно е труло и тоа не само на површината.
Погледнете ја кората на овошјето
Кората на јаболкото не само што е цврста, туку и сува и не треба да биде леплива. Ова е показател дека јаболкото не е третирано со восок или парафин. Постојат неколку едноставни начини да се отстрани парафинот. Најлогичниот е да ја излупите кората. Второ, овошјето можете да го ставите во сад, да истурите вода и така да го оставите да отстои околу еден час. На овој начин штетните материи ќе се растворат и ќе излезат на површината. И на крај, можете да навлажните салветка со јаболков оцет или лимонов сок и да го избришете плодовите.https://nezavisen.mk/