fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трибенкс ќе засадат 7.000 дрвца на локации во Ајватовци, Скопско и во беровското село Будинарци

Утре ќе се оддржи акција за садење дрвја во атарот на село Ајватовци во Општина Илинден, Скопје, ќе започне во 10:00 часот и ќе трае додека не се засадат сите планирани 2000 дрвја или до крајот на работниот ден.

Здружение за заштита и обнова на животната средина Трибенкс во рамки на својата хуманитарна и општествено одговорна работа ќе засадат 7 000 дрвца на две локации низ Северна Македонија. Утре ќе се оддржи акција за садење дрвја во атарот на село Ајватовци во Општина Илинден, Скопје, ќе започне во 10:00 часот и ќе трае додека не се засадат сите планирани 2000 дрвја или до крајот на работниот ден.

На 26 и 27 ноември акцијата ќе се префрли во Општина Берово каде треба да се засадат 5000 дрвца, на површина од два хектара. Дрвцата ќе се засадат на терен зафатен од пожарите во 2020 година. Акцијата за садење ќе започне во 10:00 часот, и ќе се случи над с. Будинарци, Општина Берово.Средствата за садење дрвца се обезбедени преку донации од EcoAsist Romania, Бреон ДООЕЛ Скопје, А1 Македонија ДООЕЛ Скопје и сопствени средства на Трибенкс добиени преку резервации на патувања преку филијаните линкови на Трибенкс. Садењето е организирано во координација со локалните самоуправи и ЈП Национални Шуми.Трибенкс досега, имаат засадено 15 000 дрвца на повеќе локации низ државата. Здружението на граѓани работи од 2019 година, а средствата за садење дрвца ги обезбедува преку филијални партнерства.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close