fbpx
ВестиТоп вести

Триесет и еден земјоделец од Куманово аплицирале за инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства

Триесет и еден земјоделец од Куманово, Липково и Старо Нагоричане,  аплицирале на јавниот повик за мерката-инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства, од европската програма ИПАРД 2, што заврши на деветти февруари, годинава, информираа денеска од подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.

Земјоделците од регионот, најмногу биле заинтересирани за набавка на приклучна механизација.

– Мнозинството од нив аплицираа за приклучна механизација, дел аплицираа за ограда на овоштарници, други за систем капка по капка, изјави раководителот на подрачната единица, Џабир Рамадани.

Тој  информираше дека во тек е јавниот повик за исплата на каматна стапка за земјоделци кои зеле кредит за исплата на добиената земјоделска механизација преку ИПАРД  2 програмата од претходниот јавен повик.

Од канцеларијата апелираа до земјоделците навреме да се обратат до канцеларијата, и да не аплицираат како досега во последните денови пред истекот на повикот.

Рамадани посочува дека кумановските земјоделци продолжуваат со праксата која што ја стекнале да аплицираат последните два дена пред истекот на рокот, иако јавниот повик траел 45 дена.

– Уште еднаш апелирам до земјоделците  да се подготват и да аплицираат порано, бидејќи и тука според принципот по кој работи Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделски рурален развој кој прв аплицира, тој прв и се услужува. Добро би било и овој вид на натпревар да постои меѓу земјоделците, порано да аплицираат, порано да бидат услужени, порано да го добијат повратот на средства од програмите, изјави Рамадани.

Вработените, додаде тој, ќе понудат бесплатна соодветна поддршка и помош околу подготовката на документацијата потребна за аплицирање за мерките.

извор: Сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close