fbpx
Агро бизнисВестиМлад земјоделецТоп вести

Трипуновски најави грантови за младите земјоделци

Грантови за млади луѓе кои ќе влезат во процесот на земјоделско производство и кофинансирање на проекти за кои ќе аплицираат.

– Имаме земјоделци кои се над 55 години старост, премногу малку или воопшто нема влез на свежа енергија, работна сила, млади земјоделци кои ќе го продолжат процесот на производство на земјоделски производи, рече меѓудругото министерот Цветан Трипуновски во рамки на трибината „Како станавме увозно зависни за храна“.

Трипуновски нагласи дека ако Македонија не обезбеди нова работна сила во земјоделството, ќе го прекине производствениот процес.

– Во програмата за финансиска поддршка за 2025 година и програмата за рурален развој за 2025 година, имаме акцент на битните земјоделски култури кои се важни за Македонија, како што се тутунопроизводството, лозарството, градинарството, млекопродукцијата. Исто така, земјоделците ќе добијат дополнителна поддршка, што ќе значи сериозна помош во овие тешки моменти, за да се врати довербата во институциите и да се спречи негативниот тренд на падот на земјоделското производство. Во делот на програмата за рурален развој ќе се осврнеме на два елементи: грантови за млади луѓе кои ќе влезат во процесот на земјоделско производство и кофинансирање на проекти за кои ќе аплицираат. Вториот сегмент е во делот на задругарството, бидејќи сметаме дека задругите се еден од клучевите во решавањето на проблемот со конкурентноста на македонските земјоделци – заклучи Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close