fbpx
ВестиТоп вести

Конференција „Подобрување на политиките за оданочување на тутунот во Западен Балкан“

Во организација на Аналитика тинк-тенк, во хотел „Holiday Inn“ ќе се одржи дводневна конференција на тема „Подобрување на политиките за оданочување на тутунот во Западен Балкан“.

– Целта на конференцијата е да се презентираат резултатите од истражувањето за фискалните аспекти на потрошувачката на тутун и можностите за подобрување на даночната политика за тутун во земјите од регионот. Фокусот ќе биде ставен на анализирање на можните мерки со кои би се влијаело на намалување на пушењето во земјата, соопштија од Аналитика тинк-тенк.

Посочија дека на конференцијата ќе бидат презентирани истражувањата спроведени во шест земји од регионот и ќе се отвори можност за дискусија помеѓу претставниците на јавните државни институции релевантни во областа на контрола на употребата на тутунските производи, како и нивните фискални и здравствени аспекти.

извор: Вечер прес

Слични написи

Back to top button
Close