fbpx
Агро бизнисВестиСовети

Трипуновски најави обештетувања од Владата за фармерот Никола од Костурино

Никола од Костурино, Општина Струмица, кој за време на обилните дождови го загуби своето стадо на овци и јагниња.

Министерот Цветан Трипуновски најави обештетувања од Владата за фармерот Никола од Костурино.

„Денеска, заедно со локалната самоуправа, директорот на Јавното комунално претпријатие и Сојузот на одгледувачи на овци, сме во посета кај фармерот Никола, кај кого, за жал, за време на обилните дождови го загуби своето стадо на овци и јагниња“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Во рамки на мојата посета и во разговорот со Никола, неколку работи беа посочени, а тоа е дека Општината веќе на вчерашната седница има формирано комисија за процена на штети од невремето што се случи. Комисијата е составена и од претставници од Министерството, ќе направат проценка во делот на оштетување на неговиот имот“, појасни министерот.

Тој додаде дека фармерот Никола согласно процедурите и законот ќе биде обесштетен од страна на Владата.

„Дополнително, заедно со Сојузот на одгледувачи на овци, во рамки на нивното здружување, анимирани се членките. Секоја од нив, во согласност со своите можности, ќе помогне со жива стока која ќе му биде донирана на Никола“, посочи министерот Трипуновски.

Министерот истакна дека е во комуникација и со општествено одговорни компании од регионот, ќе помогнат со донација на градежни материјали за изградба на нова штала, со што фармерот ќе може да продолжи со одгледување на преживеаните овци и оние кои ќе ги добие.

„Излегуваме во пресрет и максимално ќе помогнеме за да се санира и биде вратено во нормална функција. Јавното комунално претпријатие ќе преземе активности за чистење на одредена каналска мрежа за да не дојде до ново поплавување“, појасни министерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close