
Агро бизнисВестиТоп вести
Трипуновски објави – во тек е исплата на штетите за земјоделците од Градско и Кавадарци
Парите се за надомест на штети предизвикани од природна непогода
Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски објави дека во тек е исплата на штетите за земјоделците од Градско
Во општина Градско во тек е исплата на средства во износ од 7.310.100 денари за надомест на штети предизвикани од природна непогода, која ја зафати општината во 2025 година.
Воедно, на сметката на Општина Кавадарци за штети од град настанати во 2024 година, се префрлени средства во износ од 2.079.689,00 денари.
Ова е уште една потврда дека институциите постапуваат навремено и одговорно, објави Трипуновски.



