fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски обвинува- Николовски го заобиколува законот и доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Актуелниот министер за земјоделство Николовски направил упад во системот и надвор од воспоставената пракса и политикитена министерството влијале за распределбата на 2,5 милиони евра.

Ова обвинување доаѓа од страна на дополнителнито заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски кој најави дека има докази и дека во серија од неколку прес конференции во следниот период ќе обелодени точно за кои програми се работи и кои лица добивале од овие средства, кои според Трипоновски требало да ги дели платежната агенција по определени критериуми а не министерството за земјоделство.

-Николовски формирал една комисија која во исто време одобрува, извршува и контролира трошење на финансиски средства и на тој начин доделил над 2.5 милиони евра.
Во Република Македонија има јасно дефиниран систем за избор и исплата на финансиски средства во делот на земјоделството.
Љупчо Николовски донел програми спротивно на прописите за финансиско управување и контрола и една иста комисија е надлежна да врши избор на корисници, да ја следи имплементација и да врши контрола, односно едно исто службено лице во исто време е одговорно за одобрување, извршување и контрола на буџетското трошење на средствата што е спротивно на сите акти за финансиска контрола со што оставил простор да се влијае на начинот на распределбата на над 2.5 милиони евра народни пари.
Дополнително што е сомнително и што треба да биде предмет на истрага е зошто финансиските средства на овие програми од година во година енормно се зголемуваат па така ова значи дека Николовски имал директна можност да ги користи овие програми и исплаќања на енормни високи суми на лица блиски до него и до власта со што можел да фаворизира одредени апликанти при распределбата на средствата помеѓу земјоделците.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close