fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски од Облешево: Македонскиот ориз ќе остане неоткупен затоа што власта дозволува увоз на ориз од Индија и Пакистан

Дали македонскиот, кочанскиот, ориз се меша со некој од тие увезни сорти

Денеска сме на средба во Облешево со оризопроизводителите од овој регион, разговаравме за состојбата со откупот на оризот од оваа реколта.
Маките се реални, она што сега се случува на терен, цената започнува да се намалува и покрај тоа што земјоделците од овој регион преживеаја тешка година во однос на принос, рандман, проблеми со снабдување со вода итн.

Според информациите до кои што дојдовме од царинската управа, во Република Македонија во изминативе два месеци се увезени преку 100 тони бел ориз, потеклото на оризот е од Индија, Пакистан, Италија итн. и тоа многу влијае на домашното производство.

Се поставува прашањето каков ориз влегува, дали е тој безбеден за македонските граѓани, дали некој го контролира, затоа што ако земете в предвид дека за тој ориз да стигне од Индија до Македонија по некоја рентабилна цена за откупните компании нешто тука е сомнително.
Дополнително се поставува прашањето дали институциите прават контрола на терен и дали македонскиот, кочанскиот, ориз се меша со некој од тие увезни сорти па се манипулираат и потрошувачите ширум Република Македонија и дополнително она што постојано го говориме дека трговците, односно онаа организирана група, го јаде трудот на македонскиот земјоделец. Ако откупната цена на арпата е 30 денари за килограм, а во маркетите ширум Република Македонија пакување ориз од 950 грама чини преку 110, 120 денари, значи дека земјоделците работат за бадијала, а некој друг го јаде нивниот труд.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close