fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски посети две краварски фарми во битолско

6 денари за литар предадено млеко во преработувачки капацитети. Воведена е мерка за оставено женско теле, секој еден фармер ќе добие 3.000 денари дополнителна субвенција.

Министерот Цветан Трипуновски посети две краварски фарми во битолско, минатата недела.
-Фармерите искажаа задоволство за новата Програма и очекуваат подобра и посигурна иднина. Со креирање на мерките од страна на Министерството семејниот бизнис на фармерите ќе се развива.
Во новата Програма за 2025 година има зголемување на субвенциите, и 6 денари за литар предадено млеко во преработувачки капацитети.
Воведена е мерка за оставено женско теле, секој еден фармер ќе добие 3.000 денари дополнителна субвенција.
Наредните месеци над 1.600 хектари земјоделско земјиште ќе се распредели, можност и сточарите да имаат поголемо и посигурно производство на добиточна храна.
Креираме мерки кои ќе даваат резултати!, објави Трипуновски
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close