fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски-Прогласете кризна состојба за справување со Африканската чума

Претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ вели дека состојбата со африканска чума кај свињите станува се по драматична.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се прогласи кризна состојба за да се спречи ширењето на Африканската чума.

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ вели кризната состојба ќе  овозможи, активирање и насочување на сите материјално-технички ресурси во спречување и ограничување на ширење болеста и намалување на штетите кои ќе бидат од огромни размери

– Јавно ве предупредуваме, доколку не се донесе оваа одлука, прашање на време е, кога за жал ќе бидат зафатени поголеми свињарски капацитети што ќе однесат милионски штети на и онака разнишаниот свињарски сектор во Македонија –  рече тој на денешната пресконференција.

Трипуновски додаде состојбата станува алармантна бидејќи од ден на ден болеста галопира во внатрешноста на државата загрозувајќи ги стотиците милиони евра вложени инвестиции во свињарскиот сектор.

– На почетокот на годината болеста беше регистрирана во пограничниот регион на Општина Делчево, денес истата е регистрирана во Општините Македонска Каменица, Виница, Кочани, Чешино – Облешево, со силна тенденција на ширење и во останатите делови на Македонија  – вели Трипуновски.

Според него состојбата е таква бидејќи власта не реагираше на време со соодветни мерки за спречување на влез и ширење на болеста. 

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство ја покажува неспособноста, нефункционалноста и негрижата кон овој сектор во Македонија.Наместо итна реакција, власта формираше координативно тело за справување со болеста, без притоа да ја информира јавноста кои мерки ги донесе ова тело и уште поважно, дали се имплементираат на терен – рече тој.

Трипуновски му забележува нам инистерот за земјодлество што наместо да работи во секторот работи на партиската пропаганда за изборите во неколку општини.

-Додека свињарскиот сектор е под сериозна закана, додека е можна загуба на стотици илјади евра, додека болеста галопира, министерот Љупчо Николовски од партиските активности во Маврово Ростуше, директно замина на службено патување во Словенија, немајќи слух за проблемите на граѓаните на кои единствена егзистенција им е токму одгледување на свињи – вели тој.https://plusinfo.mk/tripunovski-alarmira-proglasete-krizna-sosto-ba-za-spravuva-e-so-afrikanskata-chuma/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close