
Без категорија
Трипуновски -Радува фактот што сеидбата на оризот започна на време со доволно вода
Предвидовме за оризопроизводителите дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколтата 2024 година, вели министерот.
Министерот Цветан Трипуновски синоќе оставри средба со оризопроизводителите од општина Чешиново Облешево. На средбата се разговарало за досегашните преземени мерки и активности, но и за оризот од реколтата 2025 година.
-Радува фактот што сеидбата на ориз започна на време бидејќи се обезбеди доволно вода за наводнување на оризовите површини. Изминатата година како интервентна мерка, предвидовме за оризопроизводителите од дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколтата 2024 година.
Во еден ден беа исплатени 49.658.739,00 денари кон 761 оризопроизводител – конкретна поддршка за земјоделците!
За стоковни резерви се предвидува да се откупува домашен ориз, што претставува дополнителна гаранција за оризопроизводителите. Нашата заложба е оризот да го извезуваме на меѓународните пазари. Ние сме вистински партнер на оризопроизводителите!, објави Трипуновски.