fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски-Сега имаме 2000 хектари помалку со оризови насади во споредба со 2016 година

На самиот старт сме на новата сезона за наводнување на земјоделските површини, но дали и колку сме спремни за тоа?

СДС го уништи АД Водостопанство, а со тоа и оризопроизводството во Македонија! На самиот старт сме на новата сезона за наводнување на земјоделските површини, но дали и колку сме спремни за тоа?, објави заменик министерот за земјоделие Цветан Трипуновски
СДС изминативе 7 години тотално го уништи АД Водостопанство, системите за наводнување се стари, руинирани и со години не исчистени, на многу места водата не ни пристигнува до нивите, а самото претпријатие е финансиски исцедено и постојана слика се протестите и штрајковите како на земјоделците така и на вработените кои не земаат плата и по неколку месеци.
Вчера министерот Љупчо Николовски од кочанското поле најави старт на сезоната, но сега имаме 2000 хектари помалку со оризови насади во споредба со 2016 година што е директен показател за лошите земјоделски политики на СДС.
Самиот хидросистем Брегалница кој што го опслужува овој регион во 2016 година се наводнувале 9000 хектари, за сега оваа површина да падне на 6800 хектари земјоделско земјиште.
Наскоро оваа расипничка власт ќе си замине, а на нејзино место ќе дојдат чесни и вредни луѓе кои знаат како да возобноват водостопанството и Македонија повторно да го добие епитетот земјоделска држава!
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close