Агро бизнисБез категоријаВести
Трипуновски вели не се исплатени субвенции во вредност од 55 милиони евра, МЗШВ демантира
Од МЗШВ велат лага е - Над 97% од наведената сума од 3.34 милијарди денари, се однесува на тековни барањата за 2023 година, а само 3 % за претходните години и тоа од причини што корисниците имале погрешни сметки, долгови.
Дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски во гостување на ТВ Сител обвини дека се доцни со исплатата на 3,349 милијарди денари земјоделски субвенции или близу 55 милиони евра.
Од МЗШВ велат -Лага е дека субвенциите доцнат и дека има неиплатени обврски од изминативе три години. Тоа време заврши кога субвенциите се исплаќаа по списоци и селективно, два дена пред избори. Па така вистината е дека за мерките по кои земјоделците аплицирале на крајот на 2023 година, плаќањето се врши оваа 2024 година и ние тоа го правиме најбрзо. Над 97% од наведената сума од 3.34 милијарди денари, се однесува на тековни барањата за 2023 година, а само 3 % за претходните години и тоа од причини што корисниците имале погрешни сметки, долгови.