fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Фарма МЛЕКОПРОМЕТ С.Мусинци Битола (32 литри молзен просек дневно и 9760 л/млеко по лактација годишно)

Во срцето на најголемата житница во Македонија во општина Могила во селото Мусинци се наоѓа една од најубавите фарми во нашата земја Фармата Млекопромет.

Сопственост на г.Горан Вељановски кој почнал во далечната 1997 година со само три купени крави од расата Холштајн.Со текот на годините тој полека но сигурно го проширува своето стадо да во 2005 година веќе има 40 молзни крави од кога и почнува да соработува со САНО и да ги следи нашите препораки,совети и да го користи целиот САНО концепт.

Веќе тогаш почнува неговиот раст од 23 литри молзен просек или 7500 литри по грло годишно во услови на врзан систем и лош комфор до сегашните 32 литри или 9760л/годишно во нова модерна штала со пуштен систем на држење.

Во 2015 год ја проширува неговата фарма со изградба на еден современ објект со пуштен систем во кој денес се сместени 60 молзни грла и 20 стелни крави во најдобри услови опслужени со најдобрата молзна опрема како и систем за изѓубрување со лагуна.

Новата фарма ги запазува строгите прописи на Европската Унија и благосостојбата на животните.Со новиот објек и стручната помош од САНО како и користењето на целиот концеп (Протамилк Комплите,Мипро М500,Примасан Мултисан Нектар) стигнавме до молзен просек од 32 литри по грло дневно и 1680 литри дневно производство на ниво на фарма или 9760 литри по лактација годишно екста квалитетно млеко со 4% маст и 3,3% млечен протеин.80% од стадото е Холштајн а 20% Браунсвис.

г.Горан Вељановски обработува 80 хектари плодна површина во срцето на Пелагонија од каде што го обезбедува Кабастиот дел(Пченкарна Силажа која се наводнува и фертилизира со систем капка по капка,Луцерка и Силажа од Сточен грашок + Пченица од која се спрема Тревна силажа) Зрнестиот дел исто така е од негово сопствено производство (Пченка,Пченица,Јачмен И Тритикале) со што ги обезбедува потребите за концентрат од 70% .Му преостанува да ги купи Протеинските делови (Протамилк Комплит и Сончогледово ќуспе) како и витаминско минералните додатоци Мипро М500,Примасан и Мултисан Нектар.

Коплетниот оброк за Молзните крави се меша со /TMR/ или целосно измешан оброк.

Со оваа технологија кравите не можат да ја селектираат храната и сите потребни хранливи материи ги внесуват равномерно во текот на целиот ден.

ТМР оброкот е достапен 24 часа / 365 дена на животните.

Фармата од неодамна располага и најновиот систем за откривање на еструсот на животните AFIMILK / AFIACT 2,со што имаме целосе увид кое животно и во кој момент е најдобро да го осемениме.Исто така овој систем ни алармира кога некое животно ке се тели или има некој здраствен проблем.

Прекрасни телиња добиени со САНО концептот на замени за млеко (Санолак Рот + Мегги) Концептот за телиња се користи од 5 ден на старост на телето додека предстартер Мегги ДОБИВА ОД 14 ДЕН.Потврда за успехот на одгојот на телиња и јуници који се 40 во моментов е дека сам ги произведува сопсвените Јуници за неговата фарма .

Оваа фарма е доказ дека и во Македонија имаме фармери који ги следат Европските и Светските трендови во Млечното говедарство.

Целиот концепт на исхрана на оваа фарма веќе подолг временски го водам јас дип.инж.агроном Александар Христовски / Експерт за исхрана на Млечни стада.

Се поставува прашање – Што треба да направиме за да произведеме повеќе и поефтино млеко на нашите фарми….

1.Треба да ја оптимизираме исхраната.

  • Добар квалитет на основната волуминозна храна.

  • Технологија на производство.

  • Примена на инокуланти за силирање на волуминозните крмива.

  • Добар квалитетен концентрат кој сами го спремаме на нашата фарма а не ефтина готова смеса која ја купуваме

2.Треба да ја оптимизираме плодноста на животните.

  • Откривање на еструс

  • Степен на гравидност

  • Степен на плодност

Што всусност работевме на фармата и што е Нутритивен протокол ……

-Испитување на волуминозниот / кабастиот дел на храната во фарма Млекопромет.

Испитани се Пченкарната Силажа,Тревна силажа,Сено од Луцерка првите 3 откоси,

Ливадско сено како и Сламата со која располага самиот фармер.

Анализата е извршена со NIR – технологија /Инфрацрвена рефлексна фотомертрија,

каде што анализите ги добивам истиот ден.Од анализите добивме:

  • Сирови Протеини

  • Сува Материја

  • Енергија / Скроб во Пченкарната силажа

  • АДФ

  • НДФ

  • Калциум

  • Фосфор

  • Останати Макро и Микро елементи.

Овие анализи се многу битни затоа што врз основ на нивниот квалитет го моделираме т.е подготвуваме концентартот за дадената фарма.

Квалитетот на волуминозите се менува секоја година но и на секој откос кај Тревните силажи или Луцеркиното сено.Ова има директно влијание на конзумацијата на СМ или сува маса кај самото животно со што дирекно влијае на производството на млеко.

Влијае на профитабилноста,растот,репродукцијата и здравјето на животните.

Улогата на Волуминозите во денешните оброци на млечните крави е огромна.

Тие представуват најефтин извор на хранливи материи во оброкот за молзните крави,се содржат во самиот оброк од 50 – 75 %,осигуруваат здрав и функционален бураг додека суровите влакна АДФ и НДФ се извор на храна за микробите во бурагот на животното.

Голем акцент се дава и на производството на самата волуминозна храна уште од нива како и факторите од кои зависи нејзиниот квалитет.

  • Однос на лист и стебло или зрно и стебло

  • Стадиум на зрелост / Кога да ја силираме масата

  • Плодност на земјиштето и педолошка анализа

  • Услови на раст и развој / Сонце,Темпреатура,Вода и Фертилизација

Врз основ на сите овие критични точки изготвена е комлетна рецетура за фармата Млекопромет за 32 ЛИТРИ млеко / Се мисли на молзниот дневен просек на фармата.

Направена е и анализа на сварливоста на самиот ТМР оброк со Пеен Стате Сито каде се гледа како е иситнета целокуоната храна се мисли на Волуминозниот и Концентрираниот дел од оброкот.Ова е многу битно за да животните не можат да ја селектираат храната од самиот оброк. 

 

 

Дип.инж.агрон.Александар Христовски 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close