fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски-во Македонија ќе влегува само безбедна и квалитетна храна

„Во овој сегмент ќе правиме и регулација за да си го заштитиме и нашето домашно производство. Ние нема да забраниме увоз на земјоделски производи меѓутоа ќе контролираме дали и со каков квалитет влегува во нашата држава“, појасни тој.

„Ние во нашиот фитосанитарен систем и безбедност на храна имаме повеќе институции со кои што менаџираме, тоа е Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државната фитосанитарна лабораторија, нормално и Министерството како креатор на политиките“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

 

„Од наредна година ќе обезбедиме зголемени средства во делот на мониторинг програмите, што значи и контрола на тоа што влегува во Македонија. Нормално согласно законските обврски и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство и инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство работат на тоа што влегува во Македонија“, појасни тој.

 

Министерот Трипуновски додаде дека граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи во Македонија ќе влегува само безбедна и квалитетна храна. Тој посочи дека нема да се случува како во минатото да влегува небезбедна храна.

 

„Ние ќе ја вратиме довербата кај граѓаните. Овие институции ќе работат во рамките на своите надлежности. Никој не треба да биде загрижен“, истакна Трипуновски.

 

Министерот додаде дека  се ќе контролира што влегува во државата и каква храна јадат граѓаните.

 

„Во овој сегмент ќе правиме и регулација за да си го заштитиме и нашето домашно производство. Ние нема да забраниме увоз на земјоделски производи меѓутоа ќе контролираме дали и со каков квалитет влегува во нашата држава“, појасни тој.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close