fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски: Земјоделците од Јегуновце се соочуваат со многу проблеми

Проблемите со распределбата на земјоделското земјиште, проблемите со пласманот на земјоделските производи, проблеми при откупот и плаќањето на млекото, односно сточарството во овој дел на Република Македонија, и најгорливиот проблем е задоцнетата исплата на субвенциите кои што ги чекаат и заслужуваат македонските земјоделци.

Дополнителен заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски денеска во Општина Јегуновце посети производствен капацитет за производство на малина, а оствари средба со земјоделците од село Јанчиште.

-Она што сакам да го пренесам како заклучок од денешниве средби е дека ни тука не е поразлична ситуацијата како од останатиот дел од Република Македонија, односно земјоделците се соочуваат со низа на проблеми изминативе години кои што требало да ги реши, односно да им помогне, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Македонија. Проблемите со распределбата на земјоделското земјиште, проблемите со пласманот на земјоделските производи, проблеми при откупот и плаќањето на млекото, односно сточарството во овој дел на Република Македонија, и најгорливиот проблем е задоцнетата исплата на субвенциите кои што ги чекаат и заслужуваат македонските земјоделци.

Овие теренски посети ги користам за да разговарам директно со сите чинители во земјоделскиот процес на оваа територија и во другите градови кои што во наредниот период ќе ги посетам бидејќи сакам да им дадам едно ветување ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма има сериозни планови и мерки кои што ќе значат подобро земјоделско производство по формирањето на новата Влада после 8ми мај 2024 година, истакна Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close