fbpx
Вести

Трпезно грозје наместо на трпезите, ќе заврши во казаните за ракија

Големи количини трпезно грозје наместо на трпезите, ќе завршат во казаните за ракија поради поголемата понуда од побарувачка. Ова го истакнаа производителите на грозје кои продаваат на импровизираниот кванташки пазар во Кавадарци. Се пожалија дека за некои од десертните сорти на грозје тие бараат по 150 денари за гајба од 10 килограми, а прекупувачите им нуделе 50 денари помалку. На пазарот се продаваше грозје од сортите „мишел палиер”, „афусали”, „мускат италија”, „викторија”, „рибиер”. И по неколку часа се чекаше да дојдат трговци и да го купат грозјето.

trpezno grozje namesto na trpezite kje zavrshi vo kazanite za rakija

 

„Понекогаш се случува да нема човек да праша за грозје. Дали пазарот е задоволен и поголема е понудата од побарувачката, не знаеме. Гајба грозје од 10 килограми оди од 100 до 150 денари. А, нова гајба нас не чини 22 денари. Значи, некои сорти грозје се продаваат по десет килограми за 130 денари, или како за без пари. Чаре нeмa, чарето е гмечење на родот само за ракија. Оти чекаме со часови, нема кому да му го продадеме, а утре веќе ќе биде овенато. Грозјето не може да стои и да чека подобра цена, не е ова жито кое може да почека во амбарот за подобар пласман. Вистина е дека големи количини трпезно грозје ќе завршат за ракија. По неколку часа залудно стоење тука, нема каде, ќе оди во казаните. Венее и пука како последица на лошите временски услови што беа во одреден период од лозаро-производството. За да не фати мувла, ќе заврши за ракија. He знам што е проблемот, но не оди, не го сакаат”, ни рече еден лозар кој продаваше „афусали”.

Кажа дека имал околу еден хектар од оваа трпезна сорта грозје, како и „викторија”. Другото било винско, 15 декари со винови лози од сортите „кратошија”, „станушина” и „смедеревка”. Вели дека црните сорти трпезно грозје, како на пример „мишел палиер” се побарани од белите.

Од побарувачката не беше задоволен ниту кавадарчанецот Бојко Стојанов, рожденец по потекло, кој продаваше црно грозје „рибиер”. Ни кажа дека на пазарот дошол изутрина, а грозјето не му беше продадено ниту по 15 часот.

„Има луѓе кои бараат да купат грозје, ама сакаат да го земат без пари. Даваат 100 денари за гајба, a јас ја давам гајбата по 150 денари. Немам многу трпезно грозје, но и тоа што го имам не го давам за џабе. Ќе чекам тука, пензионер сум и со добиток сум дојден. Ако не го продадам, ќе го сомелам за ракија, нема да го фрлам”, дециден беше тој.

Меѓу продавачите на грозје сретнавме и прекупувач од Куманово, кој купуваше „мишел палиер”.

„Ова грозје ќе се продава по пазари, на мало, ама право да ви кажам, пласманот оди слабо. На пазарите најмногу се бара трпезното грозје од сортите „хамбург“ и „кардинал“ – рече тој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close