Органските производители ќе бидат евидентирани во посебен регистар

organsko

Органските производители од идниот месец ќе бидат евидентирани во посебен регистар. Со тоа ќе се има прецизен увид на стертифицираните оператори и каквов вид на органска храна нудат на пазарот. Македонија почнува и да извезува органски производи кој се продаваат во Швајцарија и во Словенија.

Од идниот месец треба да се запишат првите земјоделци во електронскиот регистар на оператори со органски производи со што точно ќе се знае кој има сертификат, каде се наоѓа и што нуди на пазарот.

Лани се регистрирани 3.200 хектари сертифицирани површини за разлика од 2014-та година кога имало 2.300 хектари и 530 органски фармери.

Најголемо учество во органското растително производство или 33 отсто, имаат житните култури, 26 фуражните, 15 се овошки и еден до три отсто лозарството и градинарство.

Во сточарското производство водечка гранка е овчарството со 84 отсто или близу 47.000 овци кои се одгледуваат за органско производство. Козарството и говедарството учествуваат со по четири отсто, а пчеларството со осум проценти.

Иинтересот за македонската органска храна на европскиот пазар се зголемува а Швајцарија и Словенија се први на листата на купувачи.

Последните анализи покажуваат дека на европските и на светските пазари засега се во тренд и се најбарани органскиот ориз и органските јајца.


 

мрт

 

Share Button