fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Трутово млеко – „супер храна“ за која малкумина слушнале, есенва првите количини од нашите пчелари

Трутовото млеко, меѓудругото, е добро за проблеми со остеопороза и фертилитет, за полови дисфункции, за зголемување на мускалната маса, за ублажување на симптомите од менопауза, за проблеми со вишок масти или висок притисок, ги зајакнува имунолошкиот и централниот нервен систем.

Од немукает, затоа досега не сме произведувале трутово млеко. Вака, сосема накусо, пчеларот Благојче Најдовски објаснува зошто се уште кај нас ја нема оваа „супер храна“, преполна со минерали и витамини, која источните земји ја користат децении наназад и како лек. Ај што многу малку во земјава слушнале за овој биолошки активен хомогенат од ларвите на трутовите (машки единки во пчелните семејства), туку на прсти се бројат и пчеларите што знаат како да го произведат. А не е потребно ништо посебно, вели Најдовски, само време, волја, љубов и од технологија – преса.

Трутовото млеко, меѓудругото, е добро за проблеми со остеопороза и фертилитет, за полови дисфункции, за зголемување на мускалната маса, за ублажување на симптомите од менопауза, за проблеми со вишок масти или висок притисок, ги зајакнува имунолошкиот и централниот нервен систем. Има висока енергетска и нутритивна вредност, на 100 грама содржи 405 килокалории или третина од дневната потреба за хранливи материи кај човекот. Составот е пет отсто протеини, еден процент масти и 94 отсто јаглехидрати.

Последните неколку години Кина и Индија прават и посебни препарати – го комбинираат трутовото млеко со матичен млеч, зашто овие два пчелни производа се надополнуваат во однос на квалитетот, позитивните својства и спецификите.

Како што информира Најдовски во разговор за МИА, македонските потрошувачи од есенва веќе ќе можат да купуваат наше, домашно трутово млеко, директно од пчеларите, а цената ќе биде неколкукратно пониска од онаа на матичниот млеч. Најдобро е трутовото млеко да се набави таму каде што се произведува, нагласува Најдовски кој освен што 30 години се занимава со пчеларство, е и магистар по земјоделски науки.

-Трутовото млеко, како што и самото име кажува, е пчелен производ добиен со пресување на ларвите од трутовите. Станува збор за хомогена материја во вид на кремасто млеко, по боја белузликава или жолтеникава, со киселкаст вкус. Наликува на матичниот млеч, но составот му е многу поразличен. Содржи витамини, минерали, хормони, цела ризница хранливи материи. Кај нас се уште не се произведува од немукает, затоа и никој не почнал. Можеби делумно причина е и менталитетот, едноставно имаме отпор кон нови производи иако, во суштина, воопшто не се работи за некаков нов производ. Источноазиските земји, земјите од поранешниот Советски Сојуз или слободно можам да кажам од Бугарија до Кина, го користат трутовото млеко долги години наназад, и за храна и како лек, истакнува Најдовски.

Текст Независен.мк https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close