Субвенции за осигурување на добитокот

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

За осигурување во сточарството, осигурителнитe компании нудат пакети за угинување на домашните животни поради болест, несреќен случај и принудно колење.

subvencii za osiguruvanje na dobitokot

 

Досега сточарите целосно ја плаќаа полисата, но со измените на Законот за земјоделство ќе имаат право да поднесуваат барања за субвенционирање.

Анализите покажуваат дека во периот од 2012 до 2014 година  интересот е зголемен за  62 проценти. Просечната вредност на премиите за осигурување во сточарството е скоро 12,5 милиони денари, а  со 60 проценти субвенции би изнесувала 7,5 милиони денари.

Ако интересот за осигурување кај сточарите е голем, тогаш и износот за субвенционирање кој го дава државата  би можел да се зголеми од 5 на 10 милиони денари.

 

Share Button