fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Триста стебла цреши, сите се оштетени“ – Ибрахим Фејзулаху, овоштар од Тетово бара помош од општината

Годинава мразот повторно уништи се и немаме капацитет да одиме понатаму. Може да се каже 100%. Овде можете сами да видите колку се оштетени“, вели Ибрахим Фејзулаху.

Падот на температурите до -6 степени минатата недела предизвика значителна штета на многу дрвца, речиси 100%. Најпогодени се црешите и вишните кои до падот на температурите веќе процветаа.

Денеска го посетивме Ибрахим Фејзулаху кој има над 300 стебла цреши, кои се сериозно оштетени. Тој вели дека штетите се големи, бидејќи од 300-те стебла што ги засадил, секоја година родот бил од 12 до 15 тони.

„Ги уништи сите. Тие се 90 или 99% оштетени и можете да видите какви се. Овде во изминатите години берев 13, 12 тони до 15 тони. Минатата година градот целосно ги уништи. Годинава мразот повторно уништи се и немаме капацитет да одиме понатаму. Може да се каже 100%. Овде можете сами да видите колку се оштетени“, вели Ибрахим Фејзулаху.

Сенат Зилбехари за ТВ 21 https://mk.tv21.tv/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close