fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Годинава девизните резерви на државата се „стопиле“ за 403 милиони евра

Девизните резерви паднаа за 400 милиони евра.

Неколку месеци наназад се намалуваат девизните резерви на земјава.

Податоците на Народна банка на Македонија говорат дека само во првите четири месеци од годинава девизните резерви на државава се „стопиле“ за 403 милиони евра, пишува Фактор.

Најновиот показател на централната банка се однесува за април годинава и тој говори дека на крајот на четвртиот месец Македонија располагала со девизни резерви од 3,24 милијарди евра.

За еден месец, односно во споредба со март годинава, девизните резерви се намалиле за околу 33 милиони евра. Затоа, пак, многу позначајно било мартовското „топење“ на државните девизи, и тоа изнесувало дури 110 милиони евра. Девизните резерви се намалиле и во февруари, и тоа за 83 милиони евра. Затоа, пак, најголем бил минусот што за еден месец го доживеале девизните резерви во јануари годинава, и тоа за дури 178 милиони евра.

Или, за само четири месеци намалувањето е за дури 403 милиони евра.

Во целиот овој контекст, априлското намалување на девизните резерви за „само“ 33 милиони евра би можело да се толкува дури и како извесно стабилизирање, бидејќи претходните месечни падови беа многу повисоки.

Инаку, треба да се спомене дека во јуни лани, девизните резерви беа највисоки, и тоа 4,03 милијарди евра, а потоа стартуваше еден тренд на намалување, кој никако да запре, за сега државните девизи да се сведат на 3,24 милијарди евра.

 

https://faktor.mk/shto-gi-stopi-deviznite-rezervi-za-400-milioni-evra-za-chetiri-meseci—intervenciite-poradi-shpekulaciite-no-i-poskapiot-uvoz

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close