fbpx
ВестиТоп вести

На соларните полиња ќе се одгледуваат домати и пиперки

Соларни полиња со домати. Тоа е „плод“ на нова соработка помеѓу компанијата за соларна енергија „Санпауер“ и Универзитетот на Калифорнија во Дејвис.

na solarnite polinja kje se odgleduvaat domati i piperki

 

Станува збор за нов експеримент, кој има за цел да утврди кои земјоделски култури можат да се одгледуваат добро во просторот меѓу редовите соларни панели. Во моментов компанијата, која се залага за иновативни решенија под заеднички проект „Оаза“, и универзитетските научници тестира одгледување на домати и пиперки на терен со соларни панели.

Оваа комбинација всушност може да биде потенцијално решение на проблем со кој допрва ќе треба да се справуваме – дефицит на слободна земја. Со експанзијата на соларната индустрија, потребата за земјиште е се поголема. Властите во САД повеќе сакаат изградба на нови соларни инсталации на неискористени и диви површини. Но, ако овој експеримент за соживот меѓу сончевите панели и некои земјоделски култури се покаже успешен, тоа може да отвори можности за изградба на големи соларни паркови, без да треба да се освојуваат големи диви простори.

Всушност земјоделците се едни од првите корисници на соларните технологии. Ако ова ново истражување покаже дека земјоделците можат да произведуваат електрична енергија, без да мора да се откажуваат од земјоделство, најверојатно ќе се отвори и повеќе простор за нови соларни проекти. Тоа е и добра перспектива за земјоделците, кои така можат да обезбедат финансии за годините во кои жетвата им не е добра.

Ако соларна енергија стане главен извор на енергија во САД и воопшто во светот, веројатно ќе биде императив да се обезбеди живот со растенијата и животните, коментираат од компанијата. А за да биде тој успешен, соларните панели веројатно ќе треба да бидат дизајнирани со различен дизајн и допрва ќе се бара вистинскиот баланс.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close