fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трошоците за одгледување на овците ја надминуваат добивката

Македонија се соочува со значителни промени во сточарството и производството на млеко.

Сточарите се во тешка ситуација поради намалувањето на бројот на фарми и овци, како и поради растењето на трошоците за одгледување на овците, пишува denar.mk

Еден од најочигледните ефекти на овој тренд е зголемувањето на цените на млечните производи.

Овчото сирење, кое некогаш беше достапно по прифатливи цени, веќе стигна 700 денари за килограм, а урдата се продава за 350 денари за килограм.

Оваа ситуација ги става сточарите во тешка положба, бидејќи трошоците за одгледување на овците ја надминуваат добивката.

Според нив, пред 5 години во најголемиот сточарски регион во Источна Македонија, Малешевијата, биле евидентирани 16.000 овци.

Сега, како што велат, нивниот број е преполовен и изнесува над 8.000 овци.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close