Вести
Тунис очајнички бара купувачи за своите портокали
Тунис очајнички бара купувачи за своите портокали по обилната берба, при што експертите предупредуваат дека половина можат да бидат уништени ако барањето пласман не вроди со плод.
Овоштарите во актуелната земјоделска сезона собраа вкупно 550.000 тони портокали, наведе раководителот на Организацијата на одгледувачи на цитруси (ГИФ), Мохамед Али Јандуби.
– Во изминатите пет години горната граница на производството ни беше 400.000 тони. Оваа година веќе собравме 550.000 тони. Тоа е огромно количество – рече Јандуби.