Турски бурек кој се прави за 15 минути! Не е мрсен и има совршен вкус
Еден од најдобрите рецепти го претстави популарната инфлуенсерка од Турција, Ајсенур Алтан.
Постојат многу начини за правење бурек, а еден од најдобрите рецепти го претстави популарната инфлуенсерка од Турција, Ајсенур Алтан.
Таа објасни како Турците го подготвуваат омиленото јадење на многу луѓе. Интересен е податокот дека го подготвува во тавче, како и тоа што не е мрсна како онаа од пекарата.
Исто така, доколку одлучите да направите бурек по овој рецепт, може да биде готов за 15 минути.
Состојки:
кори за пита
1 јајце
1/3 чаша млеко
1/3 чаша растително масло + повеќе за печење
200 гр фета сирење или ситно сирење
1 лажичка сечкан магдонос
Подготовка:
Најпрво убаво измешајте ги сирењето и магдоносот, а во сирењето по желба можете да додадете и малку моцарела. Јајцето се мати и се додаваат млекото и растителното масло, се додава смесата од сирење и магдоносот и сето тоа се меша.
Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги корите по нејзините рабови така што покриваат половина од дното на тавата. Со лажица дел од подготвениот фил се става врз кората, т.е. над дното на тавата. Потоа искинете ги и стуткајте ги корите и потопете ги во филот, за добро да се навлажни, па распоредете ги во тавата. Потоа покријте го бурекот со деловите од кората кои висат преку работ на тавата и покријте го со филот. На крај се покрива со остатокот од филот.
Покријте ја тавата и печете додека бурекот не порумени, па свртете и печете уште малку. Потоа послужете го и не заборавајте на ладниот јогурт.