fbpx
Вести

Турските сорти на ориз даваат поголем принос, но никој не ги откупува

Се мелези семето на ориз. Годинава од традиционалната сорта „сан андреа” жнееле црвен, наместо бел ориз – се пожалија оризопроизводителите во кочанско. Турските сорти на ориз даваат поголем приноси, но никој не ги откупува.

 

И препаратите не биле како порано. Прскале повеќе пати, но без успех, на нивите со ориз никнало и просо.

Комбајните во кочанско се ставени во погон. Производителите брзаат да ожнеат пред да фатат дождовите. Со прво наполнетите вреќи, велат родот е намален за разлика од лани, а цената ниска. Ова ги става во неизвесност дали повторно ќе го посеат.

Оризот годинава во кочанско се посеа на 2.500 хектари. И покрај рекордните приноси што ги очекуваа, родот е послаб до 20%. Откуп нема, фабриките не бијат, велат производителите, стравувајќи за откупната цена и дали оризот ќе го продадат или ќе им стои во амбарите, како и поголем дел од реколтата од лани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close