fbpx
Вести

Темата за земјоделството продолжува да ги загрозува преговорите меѓу САД и ЕУ

САД и Европската унија формулираат радикално различни цели за нивните претстојните билатерални трговски разговори, повторно воспоставувајќи предуслови за обновување на трансатлантските трговски тензии.

Од ЕУ се очекува да ги потврдат параметрите на преговорите, кои се очекува да започнат подоцна оваа година. Клучниот елемент на позицијата на Брисел е одбивањето да се вклучат разговорите за земјоделството, објави „Wall Street Journal“.

„Јасно изјавивме дека од страна на ЕУ ние нема да го разгледуваме прашањето со земјоделство“, изјави минатата недела европскиот комесар за трговијата Сесилија Малмстром по состанокот во Вашингтон со својот американски колега – државниот трговски претставник Роберт Лајтајзер.

Само два дена по средбата сепак Лајтајзер ги објави главните цели на администрацијата во преговорите, а според него главен приоритет е „обезбедување на обемен пазарен пристап за американските земјоделски стоки во ЕУ преку намалување или елиминирање на царините“.

„Не знам како некој во Европа, кој сака договор за слободна трговија со нас (САД) очекува тоа да мине низ американскиот Сенат, а не сака да преговара за земјоделство“, рече новиот претседател на Комисијата за трговска политика во Сенатот, Чак Грасли.

Трговскиот договор со САД е само дел од агендата на зафатената трговија на американската администрација во оваа година. Вашингтон се надева дека ќе отвори разговори за слободна трговија со Јапонија, со цел да постигне договор со Кина до 1-ви март. Конгресот, исто така, мора да го ратификува ревидираниот Северно-американски трговски договор.

По објавувањето на европските цели американската администрација ќе може да започне официјални преговори со Брисел најрано во средината на февруари, иако двете страни се уште не го подготвиле распоредот.

Влоговите во преговорите се високи и за двете страни, бидејќи американските власти веќе се заканија на Европа со наметнувањето давачки во автомобилскиот сектор, тврдејќи дека е загрозена националната безбедност на земјата.

Белата куќа се очекува да ги претстави своите мерки во автомобилскиот сектор до следниот месец, но вети дека ќе ја исклучи ЕУ од потенцијалното наметнување на давачки ако продолжат трговските разговори.

Германија е меѓу земјите кои се залагаат за договор со САД поради загриженоста дека европските извозни давачки од 40 милијарди долари годишно би можеле негативно да влијаат на влијателната индустрија. Во исто време, Франција, која има силно земјоделско лоби, инсистира на тоа дека земјоделството не треба да влезе во преговори.

Досега блокот успеваше успешно да нивелира меѓу барањата на земјите во составот, а во исто време успеа да ги задоволи САД со заложбата да го зголеми повеќе од двојно увозот на соја од земјата.

Слични написи

Back to top button
Close