вестиМакедонијаТоп вести

На 30 јуни истекува рокот за промена на податоци во ЕРЗС

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци кои имаат потреба да извршат промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) по било кој основ, истото да го направат заклучно со 30 јуни. Поради состојбата предизвикана од Ковид -19, со цел да им овозможиме на земјоделците без никаков ризик по нивното здравје да можат да ги извршат промените, рокот кој вообичаено е до 15 март, го продолживме до 30 јуни.

Напоменуваме, дека остануваат уште две недели до истекот на рокот. Сите земјоделци кои имаат потреба да направат измени, треба да се обратат во Подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се подготвени да одговарат на работните обврски со целосна заштита од Ковид -19. Исто така, апелираме до сите земјоделци кои ќе доаѓаат во Подрачните единици на МЗШВ, да ги почитуваат мерките за заштита, да носат заштитна опрема и да одржуваат дистанца.

По истекот на рокот, податоците од ЕРЗС ќе бидат превземени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и другите надлежни институции кои имаат обврска да извршат ажурирање на податоците, со цел да се утврди кој може да се стекне со право на финансиска поддршка, информираат од МЗШВ.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close