Агро бизнисБез категоријаВести
Тутунарите ги бараат измените во Законот за тутун за да бидат еднакви партнери со откупувачите
Ако се договорат засегнатите страни за нови членови во законот за тутун, со анекси може да се променат договорите и текот на откупот на тутун – кажа Станкоски.
Тутунарите ги бараат измените во Законот за тутун за да бидат еднакви партнери со откупувачите, а не во подредена ситуација и да трпи исплатливоста на производството.
Јане Станкоски, директорот на Државниот земјоделски инспекторат смета дека доколку се донесат некои измени истите може да се додадат со анекси на веќе склучените договори.
– Останува периодот тоа да се продолжи, никогаш не е доцна да се направи тоа. Доколку дојде до промена на законот за тутун, има време и за тоа. Ќе се конституира парламентот, ако се договорат засегнатите страни за нови членови во законот за тутун, со анекси може да се променат договорите и текот на откупот на тутун – кажа Станкоски.