fbpx
ВестиТоп вести

Тутунарите   ги чекаат субвенциите  за предадениот  тутун

Тутунарите   ги чекаат субвенциите  за предадениот  тутун

Постапката за вадење на евидентни листови заврши на 31 март. Во тек е подготовката на расадот за новата производна реколта за  тутун. Она што во овој момент ги интерсира тутунарите  е кога ќе бидат исплатени субвенциите за предадениот тутун? Како што дознава Зелена берза, има најава дека субвенции ќе се исплаќаат, но точно датумот не е прецизиран. Се очекува дел да бидат исплатени во месец април, а дел во месец мај. Во меѓувреме ПЕ МЗШВ Битола  ги повика земјоделците дека  не може да имаат по два или повеќе идентификациони броеви во едно домаќинство на иста адреса и поради тоа треба да се јават во подрачната единица на министерството за да се спојат во едно семејно земјоделско стопанство . Постапката ќе трае и за време на апликацијата за субвенции за 2019 година.

З.Б.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close