Вести
Тутунарите од штипско очекуваат подобра откупна цена од лани
На стартот на откупот на годинашната реколта на тутун, од Здружението на тутунарите за Штипско-Карбинскиот регион, велат дека квантитетот е ист како ланскиот, квалитетот малку потфрлил, но очекуваат благо зголемување на откупната цена за 2 до 3 %.
– Со 10 денари за килограм сигурно ќе биде поскапа, за да може и понатака да се произведува тутунот во поголема количина.
Просечната цена лани беше 215 денари за килограм, односно се откупуваше од 60 денари за четврта класа до 285 денари за прва класа. Кооперантите кои потпишале договор очекуваат сиигрен пласман.
– Се смета околу 130-140 тони тутун да се откупи, додаде Барбашки
Девет регистрирани откупни компании во земјава планираат да откупат околу 22 000 тони тутун.