Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Тутунарот Горан Јорданоски од Мажучиште ги пречека премиерот и министерот
Освен редовните субвенции за тутунарите, оваа година даваме поддршка и во набавка на модерна опрема со финансиски средства од 4,5 милиони денари по корисник
Заедно со премиерот Dimitar Kovacevski денеска сме во Прилеп, во нашиот најтутунарски македонски регион. Го посетивме Горан Јордановски од село Мажучиште, кој заедно со своето семејство цел живот се занимаваат со производство на тутун. Знаме колку оваа работа е макотрпна и тешка, затоа како Влада ја цениме секоја капка труд на земјоделците.
Оваа година имаме историски највисока откупна цена на тутунот, дури за 30%. Се очекува зголемен откуп од минимум 10% во споредба со лани и за 7% поголем број на склучени договори споредбено со 2021.
Освен редовните субвенции за тутунарите, оваа година даваме поддршка и во набавка на модерна опрема со финансиски средства од 4,5 милиони денари по корисник. Со новата мерка од руралната програма доделуваме до 10.000 евра за сопствен бизнис план со кој ќе може да аплицираат без рокови во текот на целата година, и да си го модернизираат производството.
Посакувам успешно да заврши откупот, да гледаме полни ниви тутун, задоволни тутунари и заеднички да остваруваме уште поголеми резултати, објави министерот Николовски.