fbpx
Вести

Зошто е добро да јадете цвекло оваа зима?

zoshto e dobro da jadete cveklo ovaa zima

Цвеклото е двогодишно растениe со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови и спаѓа во најкорисни и најлековити градинарски култури. Се користи целото растение и може да се употребува во текот на целата година. Богата е со витамини и минерали и може да се јаде без ограничувања.

Цвеклото изобилува со хранливи материи и ги содржи речиси сите минерални состојки калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром …и уште многу корисни состојки кои го подобруваат здравјето.

Поседува значајни количини на витамини Б1, Б2, Ц, како и витамин Б12 кој е редок во растителната храна, па е многу важна во исхраната на вегетаријанците. Присуство на антицијани, влијае при обновување на крвта и има антиканцерогено дејство. Цвеклото има поволен ефект во случаи на деминерализацијата на коските и зглобовите. Присутниот јод помага во борбата против артериосклероза и го забавува процесот на стареење.

Како најлековитите состојки на цвеклото се сметат бетанинот и бетаинот бидејќи ја поттикнуваат размената на материите, го регулираат крвниот притисок, го намалуваат лошиот холестерол, го одржуваат здравјето на крвните садови и ја стимулираат работата на црниот дроб.

Сок од свежо цвекло – поради лековитите својства цвекло се препорачува и при тешки заболувања. Со варењето се губи дел од лековитата моќ, па најдобро е да се пие сок од свежо цвекло. Од еден килограм цвекло, се  добива околу 700 милилитри сок. Цвеклото треба да се излупи, ситно да се изренда и да се прелие со сок од лимон и мед. Откако малку ќе отстои, сокот треба да се пие малку по малку во текот на целиот ден. Кај потешки заболувања треба да се пие од ½ до 1 литар сок дневно, а по подобрувањето количината треба да се намали на ¼ литар.

Салата од цвекло за јакнење на желудникот и црниот дроб – цвеклото треба крупно да се изренда и да се измеша со помало количество рендан корен од целер. Се зачинува со малку сол, јаболков оцет, една лажица маслиново масло и малку мелен ким. Може да се додаде и малку кисело млеко и да се посипе со сечкан магдонос.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close