fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Дизелот ја достигна историски највисоката цена, горивата поскапи за 1,5 денари од полноќ

Со новата одлука од ноќеска и тие поскапуваат  за денар и половина, односно 95 ката ќе чини 84 денари за литар, а 98 цата ќе се продава по  цена од 86 денари за литар.

Цената на дизелот го достигна историскиот рекорд. Повторно се продава по цена од 75,5 денари за литар, како во април 2012 година.  Цените и на другите горива се доближуваат до овој рекорд.  Со новата одлука од ноќеска и тие поскапуваат  за денар и половина, односно 95 ката ќе чини 84 денари за литар, а 98 цата ќе се продава по  цена од 86 денари за литар.

Но, цените на горивата се пресликаа и врз останатите производи. Затоа опозицијата предлага, акцизата на горивата за моторни возила  да се намали за 50 проценти, ДДВ за храна и топлинска енергија да биде 0, а за струја и годинава да остане 5 отсто.

За СДСМ пак барањата на опозицијата се неиздржани.

Допрва ќе гледаме како ВМРО-ДПМНЕ ќе предлага нереални, неиздржани, паушални и несериозни предлози во коишто самите знаат дека не нудат никакви решенија туку се обидуваат да ја покријат својата деструктивност. Видовме дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за граѓаните, ќе потсетиме дека градоначлниците од оваа партија не презедоа ништо за да им помогнат на граѓаните во енергетска криза, примерот со Скопје каде Владата обезбеди парно а градоначалничката се прогласи ненадлежна, или примерот со блокдата на законот за поголеми плати на наставниците. Во континуитет ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат добрите закони, се вели во реакцијата од партијата.

Состојбата  со нафтата на  берзите, се усложни со разгорување на руско-украинскиот конфликт. И денеска цената изнесува околу 100 долари  за барел, а минатата недела  достигна  и  до 105 долари за барел. ОПЕК го одби барањето за интервенција преку зголомено производство со што е очкеува цената на нафтата  да продолижи да расте.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close