Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Тутунот вчера достигна дневна просечна цена од 219,5 денари за килограм
Досега откупени 15.600 тони тутун по просечна цена од 195,1 денари за килограм тутун.
Досега се откупени 15.600 тони тутун по просечна цена од 195,1 денари за килограм. Од преземените количини кај тутунарите се исплатени 95 проценти. Вчера дневната просечна цена при откупот на тутунот достигна 219,5 денари за килограм, потврдува Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат.